ДОКТОРОТ ОТКРИ КОЈ ЛЕК НАЈДОБРО ГО ЧИСТИ ЦРНИОТ ДРОБ: Не може да биде поевтино, а ОТРОВИТЕ ИСЧЕЗНУВААТ СО РЕКОРДНА БРЗИНА
Д-р Матиќ ги советува сите оние кои често јадат мрсна, зачинета храна дека би било добра идеја да направат детоксикација на црниот дроб.
Проф. Д-р Момчило Матиќ, нашиот познат нутриционист, им препорача на сите кои често јадат обилни оброци да се ограничат и постојано да не се прејадуваат. Дополнително, луѓето кои сакаат јака храна, особено гурманите, дополнително треба да се грижат за црниот дроб и редовно да вршат детоксикација на овој многу важен орган на многу едноставен начин.
„Ако се опуштиме два-три дена, ништо нема да пропуштиме, меѓутоа, оние кои долго време јадат лоша храна треба да го исчистат и детоксикаираат црниот дроб“, вели д-р Матиќ.
Експертот смета дека чајот од глуварче е најефективен во тоа и посочува дека е добро да се додадат следниве состојки:
- прополис,
- полен,
- ѓумбир во прав,
- цимет,
- лимон.
„Треба да го пиете наутро пред појадок на празен стомак, но пред тоа да испиете уште една чаша топла вода . Одлична е за детоксикација. Може да биде каква било вода, дури и од чешма, важно е само да е топла“, вели д-р Матиќ..
Исто така, открива колку вода треба да внесеме кога ќе се разбудиме и пред да јадеме нешто.
„Најпрво треба да испиеме две чаши топла вода, за да си го исчистиме организмот“, вели нутриционистот.
Нагласува и дека содата бикарбона е одлична бидејќи дава базна реакција, но им прави проблеми на луѓето со висок крвен притисок.
„ За детоксикација најважно е внесот на течности и вода, тоа ќе му даде најдобри резултати на нашето тело “, заклучува д-р Матиќ.
Трик за оние кои сакаат да намалат килограми
Експертот им препорачува на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми наместо топла вода да пијат ладна вода, бидејќи го зголемува чувството на ситост, бидејќи подолго се задржува во телото.