ДОКТОР КОЈ 30 ГОДИНИ РАБОТЕЛ СО ПАЦИЕНТИ ПРЕД УМИРАЊЕ ОТКРИВА ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ – Еве што укажува дека наскоро се ближи крајот на животот кај еден човек
Доктор кој работел на интензивна нега 30 години открива како изгледаат последните моменти на пациентите пред смртта.
Кетрин Маникс (64 г.) открива што се случува со телото на пациентите на нивната смртна постела и се обидува да објасни како изгледа процесот на умирање.
„Првото нешто што се забележува е дека телото почнува да останува без енергија. Тоа е како да имате стар мобилен телефон што не може да се полни. Почнува да избегнува храна и пијалок. Многу луѓе кои умираат всушност не се чувствуваат гладни и тоа е во ред. Тие не умираат затоа што не јадат, а не јадат затоа што нивните тела умираат. Така, како што одминува времето, на луѓето постепено им треба сè повеќе сон за да имаат доволно енергија да размислуваат и да прават што можат. Тогаш тие стануваат не само поспани, туку и несвесни. Тоа не е страшна ментална состојба. Тоа е состојба во која не се свесни за ништо“,открил неодамна пензионираниот доктор, пренесува Daily Mail.
Тој, исто така, се осврна на таканаречениот смртен момент, или напорно дишење, што може да звучи вознемирувачки.
„Мозокот иницира рефлексивни обрасци на дишење кои се движат напред-назад помеѓу прилично длабокото дишење кое постепено станува поплитко. Потоа назад на почетокот и пак назад. Ако не сте го виделе ова досега, можеби ќе помислите дека човек кој дише, можеби брзо, но плитко, се мачи да дише или задишува или му е непријатно“, вели докторот.
Кетрин Маникс објаснува дека на крајот од животот обично постои една од оние бавни фази на дишење.
„Ќе има издишување кое едноставно нема друг здив после него. Ова воопшто не е она што Холивуд нè натера да очекуваме“, рекол докторот.
Кетрин Маникс додава дека познавањето на овие факти нема да ја направи смртта помалку тажна за најблиските, но се надева дека тоа ќе ја направи помалку страшна.