Телевизискиот лекар Мајкл Мозли ги советува СИТЕ кои сакаат да ослабат пред да заминат на одмор веднаш да го намалат или целосно да го ограничат внесот на три групи на храна.
Шеќер
Првиот е шеќерот, кој се наоѓа во колачи, сладолед и други десерти.
„Ова ги вклучува житариците за појадок, повеќето комерцијални смути и сокови“, изјави тој за „Експрес“.
Јаглехидрати со скроб
Друга група на намирници кои ѝ штетат на линијата се скробните јаглехидрати, како што се белиот леб, тестенините, компирите и белиот ориз. Наместо тоа, треба да консумираме цели зрна, како што се булгур, ‘рж, јачмен, див и кафеав ориз и леќата.
„Мешунките како леќата, гравот и наутот се исто така здрави и заситувачки“, тврди Мозли.
Ултра-обработена храна
Конечно, д-р Мозли појаснува дека преработената храна не е сојузник во слабеењето. Станува збор за пржено пилешко, хамбургери, чипс, пица, виршли, готови оброци, сладолед, слатки, пекарски производи, бисквити и маргарин.
„Би рекол дека тоа е храната што можеме да ја обвиниме за епидемијата на дебелина“, заклучи тој.