Доктор открива кој е најгадниот дел од човечкото тело: Ретко кој ја одржува хигиената на ниво на ова место, а истото е почва за страшни бактерии

Имено, малкумина внимаваат на чистењето на внатрешноста на папокот, додека сите останати се задоволуваат со брзо бришење со крпа по капење (туширање).

Но, занемарувањето на хигиената на папокот може да биде многу опасно за здравјето. Во неодамна објавеното видео на својот канал на Јутјуб, д-р. Сермед Мејер ги открива ризиците од нечистење на папокот.

Папокот е топла, влажна област каде што може да се соберат нечистотија, пот и мртви клетки на кожата, создавајќи средина погодна за раст на бактериите. Затоа е важно редовното чистење“, објаснува д-р. Сермед Мејер.

Темелното чистење на внатрешноста на папокот значи спречување на појавата на непријатни мириси, но пред се елиминирање на ризикот од габични или бактериски инфекции кои можат да предизвикаат иритација и болка.

Но, не само тоа: во ретки случаи, може да се акумулираат остатоци од нечистотија – коса, мртва кожа, пот, влакна од нашата облека, остатоци од сапун итн.. Во посериозни случаи, ова може да доведе до инфекции како што е омфалитис, воспаление на папокот чии симптоми вклучуваат црвенило, оток, печење, болка во пределот на папокот и гноен исцедок.

Како да го исчистите папокот ?

Чистењето на папокот е практика која треба да се усвои и да се научи на децата уште од мали нозе – на ист начин како што треба да се мијат забите или рацете.

Папокот

Кога се туширате или се капете, нежно тријте ја внатрешноста на папокот со мало сунѓерче натопено во сапун и вода за да ги отстраните влакната, мртвата кожа и другите нечистотии.

По чистењето, важно е внимателно да се исуши внатрешноста на папокот, за да не стои водата и да се создаде габа, а тоа можете да го направите со крајот на памучна крпа.

Ако користите крема за тело, внимавајте да не ја ставате во папокот. Влагата во производот може да го поттикне растот на бактериите.