ДОКТОР JA ОТКИНАЛ ГЛАВАTA НА БЕБЕ ПРИ ПОРОДУВАЊЕ: Ужасот се случил пред очите на беспомошниот татко, ТРАГЕДИЈА КАКВА НЕ Е ЗАБЕЛЕЖАНА

Лекар од Бразил е под истрага бидејќи за време на царски рез толку силно ја влечел главата на бебето што му ја откинал, а целата сцена се одвивала пред очите на преплашениот татко!

Раниели Сантос (34) и нејзиниот сопруг Виктор да Силва изјавија дека срцето на нивната ќерка чукало пред акушерот, чие име не е објавено, да го извади нивното бебе од утробата за време на породувањето на 1 мај.

– Ме третираа како животно – изјави Сантос за бразилската новинска агенција R7.

Семејството тврди дека лекарите се обиделе да го сошијат вратот на девојчето. Лекарите наводно се обиделе да ја спречат мајката на несреќната родилка да ја тргне прекривкта од малото тело, по што забележала уште конци и траги на вратот на бебето.

-Мајка ми ја виде целата процедура. Се обиделе да ја спречат да го тргне покривачот. Тогаш видовме дека нејзиниот врат е полн со конци – вели Раниели.

Сантос, која беше во седмиот месец од бременоста, беше примена во болница во Бело Хоризонте на 24 април поради висок крвен притисок, а една недела подоцна почна да се пораѓа.

Виктор Да Силва се присети дека ја видел својата ќерка Емануела како трепка за момент само неколку секунди пред лекарот да ја обезглави.

– Трепна додека ја извлекуваа. Ja видов како се мрда. Нејзиното мало срце чукаше – рекол таткото обвинувајќи ги лекарите за фатална грешка.

Да Силва тврди дека докторот го влечел детето за главата кога му ја скинал.

– Кога тоа се случи, толпа луѓе дојдоа и ме држеа. И дадоа општа анестезија, но детето веќе починало – сведочи Виктор да Силва и наведува дека лекарот во еден момент дури и се качил на стомакот на трудницата.

Раниели Сантос, која има деветгодишна ќерка, вели дека бебето било изложено на ризик при раѓање поради малформација на белите дробови предизвикана од цисти откриени за време на тестот.

Јас сум скршена. Плачам секој ден. Не можам да спијам. Секој ден мислам на ќерка ми. Знаев дека има мали шанси за преживување, но сакав да ја родам – ​​вели мајката.

Болницата се извини за трагедијата и понуди да ги покрие трошоците за погребот. Семејството рече дека болницата понудила и лекарски извештај, но тие решиле да одат директно во полиција.

Адвокатката на семејството, Џенифер Валенте, рече дека се надева дека полициската истрага ќе покаже дека лекарот направил неколку грешки за време на породувањето.

– Раниели рече дека многу боли. Докторката тогаш очајно ја прашала: „Може ли да те пресечам? Таа го зеде инструментот и сечеше од двете страни без анестезија. „Има повеќе од 60 конци“, рече Валенте.

Болницата објави соопштение во кое се вели дека го истражува инцидентот за време на породувањето .

– Hospital das Clinicas длабоко жали за несреќата и сочувствува со семејството. Вложуваме максимални напори да го анализираме случајот и да го поддржиме семејството – се вели во соопштението.