Должи повеќе од 13.000 евра: Неда Украден се огласи по обвинувањата дека должи значителна сума за даноци (фото)
Како што пренесуваат медиумите, популарната пејачка Неда Украден се најде на листата на должници на Хрватската даночна управа.
Како што јави Аваз , Неда Украден и’ должи на хрватската држава дури 13.680 евра. Иако списокот на должници на Даночната управа е јавен, Неда јавно демантираше и рече дека овие податоци се лажни.
– Секако дека не е точно и дека немам никаков даночен долг, кон ниту една држава. Работата штотуку е предадена на адвокатот, чија изјава ќе биде достапна наскоро – изјави Неда за 24sedam.
Инаку, рокот за отплата на долгот беше 26 октомври, па можно е пејачката во меѓувреме да си ги подмирила обврските, иако тоа не го потенцирала.
Да потсетиме, Неда е родена во Имотски кај Сплит, а денес таму има луксузна вила, која, според локалните медиуми, ја издава за 2.000 евра дневно. Покрај тоа, таа од неодамна е сопственичка на стан во нова зграда во Загреб.