Долината на смртта е дом на необично ново езеро кое се полни со невидена брзина

Долината на смртта се нарекува така со причина

Оваа пустинска долина во источна Калифорнија е една од најтешките средини за живот на Земјата, а неодамна во неа се формира чудно ново езеро кое продолжува да се полни.

Долината на смртта е дел од САД со најмалку врнежи, но екстремните временски услови во 2023 година предизвикаа таму да се појави езеро, кое од ден на ден е се подлабоко.

Националниот парк Калифорнија доживеа обилни врнежи од дожд за време на ураганот Хилари, а на почетокот се чинеше дека езерото што се формираше се повлекува. Езерото почнало да се намалува откако достигнало површина од 72 квадратни километри, пренесува Инди100,

Што се крие зад овој необичен феномен?

Езерото е создадено главно од кондензирана водена пареа, позната како атмосферска река, која се претвора во силен дожд откако ќе удри во земјата.

Така, и покрај фактот што коритото на долината некогаш беше дом на голема солена површина, нивото на водата продолжува да расте како никогаш досега.

Аби Вајнз, која работи како чувар во националниот парк Долината на смртта, рече: „Повеќето од нас мислеа дека езерото ќе исчезне до октомври. Бевме шокирани кога го видовме овде по речиси шест месеци“.

Научните студии за таквите езера не секогаш се спроведуваат толку брзо. На пример, најголемото езеро досега на површината на Земјата постоело пред околу 11 милиони години, но ова знаење стана нашироко познато дури во 2023 година.