Ви пренесуваме едноставен рецепт за сок од аронија, кој важи за еден од најздравите.
Состојки:
- 2 кг бобинки од аронија
- 800 гр шеќер
- 1 литар вода
- сок од 1 лимон
Подготовка:
Водата и шеќерот се ставаат на шпорет додека не зоврие. Потоа во оваа слатка вода додајте ги исчистените бобинки од аронија и оставете ја смесата уште еднаш да зоврие, притоа промешајте ја содржината на тавата со нежно притискање на бобинките со лажичка за да се извади сокот од нив.
Кога смесата ќе зоврие, тргнете ја од шпоретот и оставете се убаво да се излади. Потоа процедете го сокот и на тој исцеден дел додајте го сокот од 1 лимон, па повторно вратете го на шпорет за уште еднаш се да зовријат убаво.
Потоа изладете го сокот и истурете го во стаклени шишиња. Чувајте го на темно и ладно место. Можете да го разредите сокот со вода ако е премногу сладок за вас.