ДОМИНАЦИЈА НА ЕГИПЈАНЕЦОТ – Приказната за Салах, Јунајтед и Енфилд: Добил повеќе жолти картони поради славење отколку што Ливерпул примил голови

Мохамед Салах доминираше синоќа против Манчестер Јунајтед во убедливата победа на Ливерпул од 7:0 кога постигна два гола и даде две асистенции.

Египќанецот веднаш ја презеде лидерската улога откако пристигна во Ливерпул во 2017 година, а особено е инспириран кога и да игра против Манчестер Јунајтед на „Енфилд“.

Салах синоќа на „Енфилд“ го одигра шестиот натпревар против Јунајтед и стигна до бројката од пет гола во најголемото англиско дерби.

Она што е особено импресивно е тимскиот настап на тимот. Во тие шест натпревари Ливерпул четири пати победи со две нерешени средби и импресивна гол разлика 16:1.

Јунајтед, тогаш, постигна само еден гол на „Енфилд“ откако Салах е играч на Ливерпул, а она што е особено интересно е што Египќанецот доби повеќе жолти картони за прослави на гол отколку што Јунајтед ја погоди мрежата на „црвените“.
Салах синоќа во 84. минута доби жолт картон откако го соблече дресот откако постигна гол за 6:0, а истото се случи и во 90. минута од натпреварот на 19 јануари 2020 година, кога погоди за 2:0.

Инаку, вклучувајќи ги и дуелите на Олд Трафорд, Салах против Јунајтед одигра 11 натпревари на кои постигна 10 гола и забележа 4 асистенции.