Хермосо за бакнувањето на Рубиалес: Вообичаен гест на пријателство и благодарност, не треба да се фокусирате на тоа

 Шпанската фудбалска репрезентативка, Џенифер Хермосо го објасни бакнувањето со Луис Рубиалес по финалето на Светското првенство. За време на доделувањето на медалите, првиот човек на Кралската шпанска фудбалска федерација, Луис Рубиалес, ја бакна Хермосо во усните.

– Тоа беше сосема спонтан заеднички гест на голема радост од освојувањето на Светското првенство. Имаме одличен однос со претседателот, тој се однесуваше беспрекорно со сите нас и тоа беше природен гест на пријателство и благодарност. Нема потреба повеќе да се задржуваме на тоа. Го освоивме Светското првенство и нема да отстапиме од она што е важно, истакна Хермосо.

Женската репрезентација на Шпанија го освои Светското првенство победувајќи ја Англијаво вчерашното финале со 1:0