Жена која беше пронајдена како жива лебди во морето две години откако исчезна, им ја откри на лекарите ШОКАНТНАТА ПРИКАЗНА ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ (ФОТО)

Таа им објасни сè во детали

Една Колумбијка, мајка која рибарите ја пронашле како плива во морето речиси две години откако исчезнала, објаснила како се случило тоа.

Семејството не знаело каде е Ањелика Гаитан откако изгубиле контакт со неа пред две години – додека двајца рибари не ја забележале на околу два километри од брегот на Порто Колумбија.

Откако била спасена, Ањелика на лекарите им кажала дека побегнала од семејно насилство и дека оттогаш не контактирала со нив. На крајот се фрлила во море затоа што „не сакала да продолжи“ со таков живот.

– Мислиме дека можеби нешто и се случило откако исчезнала и дека тоа предизвикало психичка траума. Секогаш кога ќе видеше луксузен автомобил почнуваше да вреска и велеше дека дошле по неа и да не ја пуштиме да влезе во тој автомобил. Ќе ја покриваше главата и ќе кажеше дека нејзиниот сопруг дошол по неа – рекла Пола, опишувајќи ја состојбата на нејзината мајка пред да исчезне.

На видеото од спасувањето се гледа како рибарот Роландо и неговиот пријател Густаво со чамец и приоѓаат на жената која плива во водата. Потоа со јаже закачено на појасот за спасување што претходно и го фрлиле, ја влечат кон бродот и со голема тешкотија ја извлекуваат од водата.

Како што јави локалната телевизија „Либертад“, рибарите најпрво помислиле дека стеблото плови по водата, дури кога таа ги кренала рацете сфатиле дека се работи за жена. Првото нешто што успеала да го каже откако ја одвлекле до бродот е: „Повторно сум родена, Господ не сакаше да умрам“.

Кога била изнесена на брегот, локалните жители се грижеле за неа додека не пристигнала брзата помош и ја однеле во болница. Кастибланко и нејзината сестра собираат пари за да ја пренесат нивната мајка во Богота, каде што живеат и се надеваат дека „семејството ќе се грижи за неа“.