Мајката на момчето убиец од Белград бара тој да продолжи со образованието, испрати писмо

МАЈКАТА на момчето-убиец од ОУ „Владислав Рибикар“ во Белград апелираше до институциите со барање да се реши прашањето за дообразување на нејзините две деца. Мајката на Коста К. во писмото со ниту еден збор не го споменува масакрот во „Рибникар“, туку апелира за помош, наведувајќи дека ситуацијата во која се наоѓа нејзиното семејство е сложена, дознава Блиц .

Во писмото кое, според Блиц, е многу кратко, мајката на момчето кое уби девет ученици и чувар наведува дека „прашањето за задолжително основно образование за нејзините деца е отворено“. Таа напоменува дека нејзината помала ќерка, која учела во истото училиште со Коста.К, не може да го продолжи образованието во Рибникар, а нејзиниот син е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади. Мајката на момчето-убиец барањето го испратила пред неколку дена.

Според Блиц, момчето убиец нема да биде пуштено од Клиниката, а неговото доедукација ќе се одвива според прописите. Бидејќи основното образование во Србија е задолжително со закон, индивидуалната настава ќе се посетува онлајн, според условите за хоспитализираните деца.

Во текот на неделата треба да се знае дали ќе има одредени промени, како и каков точно ќе биде моделот на школување на момчето кое уби девет негови врсници и еден чувар.