АЛКАРАЗ ПЛАЧЕШЕ КАКО ДОЖД! Поразот тешко му падна на Карлос: А потоа испрати одлични зборови до Новак Ѓоковиќ

Поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Синсинати тешко му падна на Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ го доби најдолгиот меч во историјата на овој турнир со 2:1 и со тоа стигна до 39. Мастерс титула во кариерата.

Алкараз практично имаше победа во рацете на средината од вториот сет, но тогаш Новак покажа дека е “бесмртен”. Го сврте натпреварот и славеше.

Овој млад 20-годишен Шпанец плачеше како дожд на својата клупа по мечот, но како голем спортист и шампион најде сила да му се обрати на Новак Ѓоковиќ со големи зборови.

– Ќе ми биде тешко да разговарам, но ќе дадам се од себе. Честитки Новак, неверојатно е да се игра против тебе, да се биде на твое ниво. Каков натпревар беше ова. Но, јас учам од шампиони како тебе. – Благодарам на мојот тим. Работиме напорно за да останеме на ова ниво, благодарен сум што ве имам. Ви благодариме за вашата професионална работа. Секој ден учам многу од вас.

А Алкараз особено се расплака кога го виде својот брат на трибините.

– Мојот брат е тука. Прекрасно е што те имам овде и ме бодриш секој ден. Поради тебе секој ден сум подобар човек. Фала што си тука за мене. Синсинати, не можам да ви кажам доволно благодарам, бевте прекрасни со мене. Синсинати ме сака мене, но јас го сакам Синсинати. Ќе се вратам посилен!