Малолетник (17) на Кинези им украл бакарни кабли и жици: Полицијата ја расчистила кражбата и на сопственикот му вратила 1.480 килограми бакар (фото)

Полицијата на градот Бор, Србија, уапси малолетник (17) поради сомнение дека во последните два месеци повеќе пати упаднал во магацин на кинеска фирма и крадел бакарни кабли и жици.

Осомничениот се товари дека сторил кривично дело тешка кражба, а по наредба на Вишото јавно обвинителство Заечар против него во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава.

-Тој е осомничен дека во периодот од јуни годинава неколку пати провалил во магацин на кинеска фирма и украл бакарни кабли и жици. Полицијата на локалниот пат во Параќин пронашла паркирано комбе, до кое бил осомничениот – соопшти српското МВр.

При преглед на комбето откриени се околу 1.480 килограми бакарни кабли и жици. Пронајдените предмети му се вратени на сопственикот.