Шведската скијачка Јона Сундлинг победи во класичниот спринт на Светското првенство во Планица.
Таа во финалето растојанието од 1,4 км го помина за 3:21,67 минути.
Втора на целта мина нејзината сонародничка Ема Рибом со 87 стотинки заостанување.
Брозата и припадна на уште една Швеѓанка – Маја Далквист со 4,5 секунди послабо време од победничката.
Во квалификациите во оваа дисциплина настапи Македонката Ана Цветановска која го освои 86. место во конкуренција на 100 натпреварувачки