Англиската Премиер лига соопшти дека ќе донира еден милион фунти како помош за подрачјата на југоистокот на Турција и северот на Сирија кои во понеделникот беа погодени од катастрофален земјотрес.
„Премиер лигата е длабоко ожалостена поради разорните земјотреси во Турција и Сирија кои убија илјадници луѓе“, стои во соопштението од англиската фудбалска лига.
„Лигата ќе донира еден милион фунти на Одборот за итни случаи на катастрофи со цел хуманитарната помош директно да биде доставена на оние на кои им е потребна“, се прецизира во соопштението.
Почетна помош во износ од 200.000 евра најави дека ќе донира и Европската фудбалска федерација (УЕФА).