ДОНЕСЕНА КОНЕЧНА ОДЛУКА – БЕЗ РУСИЈА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗ! Оваа забрана ќе важи и за наредните ОИ !?
Меѓународниот олимписки комитет штотуку донесе одлука според која Русија ќе биде суспендирана од Олимписките игри во Париз во 2024 година поради војната во Украина.
Сепак, руските спортисти сепак би можеле да се натпреваруваат во француската престолнина. Се уште се разгледува опција и не е донесена одлука за како да им се дозволи учество.
Многу земји апелираа да им се дозволи на руските спортисти да се натпреваруваат на Олимпијадата, но под услов да бидат неутрални и да не се натпреваруваат под нивното знаме.
„Меѓународниот олимписки комитет го задржува правото да одлучува за учество на индивидуални неутрални спортисти со руски пасош за Олимписките игри во Париз во 2024 година и Зимските олимписки игри во Милано Кортина во 2026 година, кога ќе дојде време“, се вели во соопштението.
Засега се чини дека руските репрезентации нема да можат да настапат во Париз без разлика на подготвеноста да се појават без обележја и знамиња како неутрални натпреварувачи, додека тоа би можело да им биде дозволено на натпреварувачите во индивидуалните спортови.