‘ДОН’ КРАЛО СРУШИ УШТЕ ЕДЕН РЕКОРД! Анчелоти влегува во историјата како тренер со најмногу натпревари во Лигата на шампиони

Италијанскиот фудбалски стратег Карло Анчелоти (63 г.) испиша историја како тренер со најмногу натпревари на кои седеше на клупата во Лигата на шампиони.

Вчерашното реванш полуфинале против Манчестер Сити за актуелниот тренер на Реал Мадрид беше дури 191 натпревар во елитното европско клупско натпреварување.

Карло Анчелоти, кој досега го делеше рекордот со Алекс Фергусон, во Лигата на шампиони ги предводеше Милан (на 73 натпревари), Реал Мадрид (50), Челзи (18), Баерн Минхен и Наполи (12), Јувентус и ПСЖ (10) и Парма (6).

На второто место е Алекс Фергусон со 190 натпревари, сите како тренер на Манчестер Јунајтед, по што следуваат Арсен Венгер (178 натпревари), Пеп Гвардиола (159), Жозе Мурињо (145), Мирчеа Луческу (115), Масимилијано Алегри и Јирген Клоп, обајцата по 100 натпревари.