ДОПИНГ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ИТАЛИЈА – Пол Погба падна на медицинските тестови: На фудбалерот на Јувентус му се заканува голема суспензија – еве што користел

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба падна на допинг контролата по натпреварот со Удинезе во Серија А.

Во крвта му била пронајдена недозволена супстанца, јавуваат италијанските медиуми.

На францускиот фудбалер му е откриено тестостерон во крвта, што е најстрогата казна во светот на спортот. Оваа супстанца не се толерира дури и ако се користи за терапевтски цели.

Пол Погба има шанса да се жали на одлуката и да направи нов тест на крвта. Казната за овој прекршок може да биде четиригодишна суспензија од фудбалот.