Досието на Палчо дебело како роман на Достоевски! Монструмот има повеќе од 10 пресуди, меѓу нив и за семејно насилство (фото)

Името на Љупчо Палевски, кој е главен осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска (14), стои во повеќе од 10 пресуди, како што може да се види на веб-страницата на судот. Споровите и пресудите се претежно прекршочни, но има и кривични.

Имено, тој во 2013 година доби условна казна од прв степен за злоупотреба на службената положба, а во 2020 година повторно е осуден на условна казна за измама на скопјанец со кој склучил договор за купопродажба на стан. Иако оштетениот платил 53 илјади германски марки, тој не го добил станот.

Љупчо Палевски

Договорот е склучен во 1998 година, предметот е со судски број од 2012 година, а првостепената пресуда е од 2020 година. Притворот во СЈО, како и другите случаи со кои беше поврзан Палевски, останаа без исход.

Уранија Пировкса од Хелсинки смета дека убиецот на 14-годишната Вања е лице кое во јавноста е познато како сторител на кривични дела, но нема издржано затворски казни.

Палевски се товари и за семејно насилство. Со решението по жалбата од Скопје од 2017 година е потврдена времената мерка против него чија цел била заштита на член на семејството кој претрпел психичко и физичко насилство.

Палевски вербално ја нападнал жртвата, односно и упатувал навредливи зборови, а потоа и физички го нападнал лицето нанесувајќи и повреди со удари. Останале видливи хематоми, потврдено со медицинска документација, стои во одлуката објавена на судскиот портал.

Во 2009 година медиумите објавија дека Врховниот суд ги потврдил сомнежите на Комисијата за борба против корупцијата дека на фирмата на Палевски „УПА Ентерпрајз“ незаконски и’ била исплатена отштета над еден милион евра за уривањето на покривите на две згради во Дебар Маало кои според највисоката власт биле бесправно изградени.

Да потсетиме, Палевски на 27 ноември ја убил Вања, а на 30 избегал. Имено, седум дена по убиството и три дена по првите апсења, по него е распишана истражна потерница за две кривични дела, киднапирање и убиство и уште едно убиство.