ДОСТАВУВАЧ НА ХРАНА СНИМЕН КАКО КРАДЕ ОД КЛИЕНТИ: Фатен на дело од балкон! Ваква техника досега не сте виделе (ВИДЕО)

Снимка од доставувач на храна со денови кружи на социјалните мрежи

Има повеќе информации за тоа каде е снимено видеото, некои го спомнуваат Мадрид, некои Мексико, но можеби тоа не е толку важно колку што е интересно да се увериме дека има случаи кога пиците што излегуваат од рерната не се идентични со оние што пристигнуваат на вашата врата.

Имено, овој господин користел триаголник и неколку врвови од тоа јадење, кое многумина го сакаат, а нарачката повторно ја составил за да изгледа недопрено пред клиентот.

Корисниците на социјалните мрежи различно реагирале на чинот на доставувачот на храна, но повеќето од нив се сожалиле бидејќи претпоставиле дека доставувачот ги украл парчињата затоа што бил гладен.

Секако, некои го прекоруваа што со валкани раце го допирал она што нарачателот наскоро ќе го изеде, но речиси сите се согласија дека тој многу вешто направил неговата испорака да изгледа недопрена.