Златните букви од историјата на човештвото уште еднаш беа испишани кога Драгана Мирковиќ најави дека ќе се откаже од заработката од целата нејзина турнеја „До последен здив“ и ќе ги донира парите на оние на кои им се најпотребни.
Регионалната фолк ѕвезда ова го откри вчера на настан кој го организираше со организацијата ,,Срби за Србите”, со кои ќе има партнерство на територијата на Србија, но средствата ќе бидат донирани за ранливите групи на граѓани од регионот.
– Веќе најавив дека моја желба е да ги израдувам луѓето со оваа турнеја, но и да ширам љубов, хуманост и среќа. Затоа решив на секој концерт да им помагам на луѓето кои имаат потреба. Првата можност беше во Тузла, каде што му помогнав на самохран татко со девет деца со 10.000 марки. Така ќе биде и на другите концерти во регионот – рече таа.
– Долго време сум пријател и соработник со организацијата ,,Cрби за Србите”, па нормално беше да ја продолжиме соработката на овој начин, па лично од секој концерт во Србија ќе издвојам по еден милион динари кои ќе бидат искористени да се обезбеди покрив над главите на најзагрозените семејства – рече Драгана. Таа направи несебичен чин и сега секој купувач на билети за нејзините концерти сега ќе стане и добродетел.