Вкусно и здраво смути од круша и цвекло: Богато е со влакна и помага при варење на храната

Крушите се одличен извор на растворливи и нерастворливи влакна. Секоја круша со средна големина содржи околу 20% дневна вредност (DV) влакна, а двата вида влакна се важни за здраво варење на храната.

Ѓумбирот позитивно влијае на мачнините, помага во намалување на шеќерот во крвта и го намалува ризикот од срцеви заболувања и може да помогне при остеоартритис, пишува списанието Health Line. Цвеклото е исто така добар извор на растителни влакна, како и целерот, кој е одлична храна за диети за намалување (губење тежина) и воопшто за оние кои сакаат да одржат посакувана телесна тежина.

За смути за детоксикација, додадете:

  • 1 круша
  • парче ѓумбир
  • 1 морков
  • 1 стебленце целер
  • 1 цвекло
  • малку магдонос
  • неколку капки лимон
Крушите се одличен извор на растворливи и нерастворливи влакна

Крушите се добар извор на јаглехидрати, влакна и одредени витамини и минерали. Хранливи материи во една средна круша (тежи околу 178 грама):

  • Калории: 101
  • Масти: 0,25 g
  • Натриум: 1,78 mg
  • Јаглехидрати: 27,1 g
  • Влакна: 5,52 g (20% од дневната вредност)
  • Протеини: 0,64 гр
  • Бакар: 0,15 mg (16% од дневните вредности)