“ДРАГАН ВУЧИЧЕВИЌ НЕ БЕШЕ ПИЈАН“ – Александар Вулиќ го бранел својот омилен пропагандист од “Информер“ откако удрил во девојка на пешачки премин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес ја коментираше сообраќајната несреќа во која сопственикот и уредник на влијателниот Informer.rs, Драган Ј.Вучичевиќ, удри девојка (С.А.) на пешачки премин. 

Тој вели дека не гледа ништо непристојно во постапките на државните органи, а Драган Вучичевиќ, според претседателот на Србија, не бил пијан додека возел.

Не видов ништо непристојно во однесувањето на државните органи. Тие ја завршија работата на професионален начин. Се случи сообраќајна несреќа. Драган Вучичевиќ застанал, направил се што требало, повикал полиција, и помогнал на девојката“, изјави Александар Вучиќ, пред да се осврне на наводите дека Драган Вучичевиќ бил пијан кога ја предизвикал сообраќајната несреќа.

Информациите дека Драган Вучичевиќ бил пијан се чиста лага. Сепак, надлежните органи ќе постапат согласно законот, ќе биде поднесена кривична пријава“, вели Александар Вучиќ.

Пред два дена Драган Вучичевиќ, управувајќи автомобил марка Skoda, на пешачки премин во Жарково налетал на девојка со иницијали С.А. и полесно ја повредил, по што српската јавност се запраша зошто по несреќата сопственикот на таблоидот Informer.rs не бил приведен. Треба да се напомене дека во вакви случаи, кога станува збор за полесни повреди, и доколку возачот не бил под дејство на алкохол и наркотици, но и дека по несреќата останал на местото на настанот – генерално е ослободен од одреден притвор.

Несреќата се случила на аголот од улиците „Ратко Митровиќа“ и „Аца Јоксимовиќа“, а девојката поради повредите била пренесена во болница од каде е пуштена на домашно лекување. За среќа и биле констатирани полесни повреди.