Европскиот суд ја осуди Грција поради загадувањето

 Државата не успеа да го реши проблемот со квалитетот на воздухот во Солун, наведоа од судот.

Европскиот суд на правдата повторно ја осуди Грција поради нејзиното влијание врз животната средина, односно загадувањето, објавија во петокот локалните медиуми.

„Судот го сврте вниманието на проблемот со квалитетот на воздухот во северниот пристаништен град Солун, втор по големина во земјата по Атина“, објави дневниот весник „Катимерини“.

Во веста се вели дека нивото на микрочестички во Солун е многу високо.

Весникот „Катимерини“ во веста објави дека во 2005 година Европската комисија започнала да го следи нивото на честички со дијаметар од 10 микрони (PM10) во Грција и испратила предупредувачко писмо за проблемот во 2009 и 2013 година.

Во 2021 година овој случај е испратен на суд.