Драган Ковачки: “Стразбур потврди дека се гонат политички неистомисленици“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки при денешната теренска посета во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ истакна дека со вчерашната пресуда Стразбур потврди дека во Македонија има политички прогон, дека се гонат политички неистомисленици, и дека власта ги злоупотребува институциите за партиски цели.

„Откако ги посетивме населените места Драмче и Трботевиште сега се наоѓаме во славно Разловци. Разловци кое што е симбол на македонскиот непокор на македонската борба за слобода,на македонската борба за државност. Среќни сме што денеска сме тука затоа што оваа наша посета се поклопува со денот на почетокот на разловечкото востание денеска е 20 мај меѓутоа сме разочарани  затоа што ниту една делегација од СДСМ не го одбележа овој ден, тоа е срамота. Она што можам да го кажам говорејќи за борбата за човекови правди она за што се бореле нашите предци во Разловочкото востание морам да направам паралела со она што се случува денеска морам да ја искоментирам пресудата во текот на вчерашниот ден од Стразбур, а тоа е дека Стразбур потврди дека во македонија има политички прогон дека се гонат политички неистомисленици и дека власта ги злоупотребува институциите само за партиски цели. Македонија мора да биде раководена од структури кои ќе го донесат правото кои што нема да дозволат да бидат злоупотребени за партиски и политички цели односно за цели кои што се наложени на некои структури кои што не им одговараат на македонскиот народ“, нагласи Ковачки. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.