Драмата заврши, таткото на Дијаз е жив! Агонијата заврши – полицијата ги уби киднаперите, па го спаси заложникот?

Локалните медиуми во Колумбија ја пренесоа вестта дека таткото на Луис Дијаз е спасен од киднапирањето, а при големата акција меѓу полицијата и киднаперите дошло до размена на огнено оружје.

Целиот хаос резултирал со смрт на двајцата киднапери, а мајката пред неколку часа била спасена и вратена во својот дом.

Потоа започна потрагата по Луис Мануел Дијаз и за среќа тој беше пронајден жив.

Да потсетиме, познатиот фудбалер Луис Дијаз кој настапува за Ливерпул денеска помина низ вистински пекол откако неговите родители беа киднапирани во Колумбија.

Според извештаите, несреќните луѓе биле киднапирани на бензиска пумпа, бидејќи напаѓачите го запреле автомобилот, ја преземале контролата над него, а потоа заминале во непознат правец.