ДРАМАТИЧНА ПОРАКА ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА – “Се соочуваме со огромен ризик од терористички напади!“

Европската унија во моментов се соочува со зголемен ризик од тероризам поради војната во Појасот Газа, посочи денес европскиот комесар за внатрешни работи, Илва Јохансон.

Со војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што таа ја предизвикува во нашето општество, со претстојната празнична сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија“, посочи Илва Јохансон пред состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел.

Илва Јохансон се осврна на нападот со нож во Париз во саботата во кој беше убиен еден германски турист, а уште двајца беа повредени, како и претходните напади. Илва Јохансон најави дека ќе стави на располагање дополнителни 30 милиони евра за заштита на, на пример, „свети објекти“.

Министрите на ЕУ треба да разговараат за безбедноста во блокот во светло на војните на Блискиот Исток и Украина. На дневен ред се и дебатата за Шенген зоната и напредокот во реформите на политиката за азил и миграција.