СЕ ОГЛАСИ ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО РАНИ ЛУДИОТ бодибилдерот во БиХ: „Можеше да каже само една реченица“

По трагичните настани се огласи Хусеин Коториќ, полицаецот кој во петокот беше ранет од Нермин Сулејмановиќ кој ја уби својата невенчана сопруга и уште две лица.

Во морето информации што кружеа вчера се појави и фактот дека Коториќ им подлегна на повредите. За среќа, тоа набрзо беше демантирано, како што потврди и самиот Коториќ.

Имено, по укажаната помош во болница, тој е пуштен на домашно лекување. Кога новинарите го контактирале, тој имал само едно да каже: „ Ви благодарам за грижата, добро сум“.

Тој не сакаше ништо да каже за самиот настан, како што налага неговата професија.

Да потсетиме, Нермин Сулејмановиќ (35) во петокот уби три лица, а уште толку повреди во Градачац кај Тузла во Босна и Херцеговина. Починале неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, млад човек (23) и татко му Денис и Ондер Џенгиз, турски државјани, кои убиецот од претходно ги познавал и со кои имал правна расправија.

Освен Коториќ, Сулејмановиќ ги ранил и братучедот на убиениот Низам, Недим Памуковиќ и Хариса Џенгиз, сопругата на убиениот Ондер.

Лекарите се борат за животот на Хариса, која со тешки повреди била примена во болница.

Во болница е хоспитализирано и деветмесечното бебе на убиецот и убиената. Детето било пронајдено во куќата во која била убиена нејзината мајка во локва крв и е хоспитализирано како превентивна мерка на Одделот за педијатрија во УКЦ Тузла.