Луѓето кои страдаат од овој здравствен проблем не треба да јадат путер од кикирики

Одредени здравствени проблеми може да не принудат да се откажеме од одредени производи во исхраната со храна. На пример, на луѓето со дијабетес им се советува да избегнуваат храна која е богата со шеќер или заситени масти.

Според американското Министерство за земјоделство (USDA), во порција од 100 грама путер од кикирики, ќе најдете 22,5 грама протеини, 4,8 грама влакна и мноштво витамини и минерали, вклучувајќи калиум, калциум, магнезиум, фосфор и многу повеќе.

Богат со антиоксиданси, здрави масти и јаглехидрати, путерот од кикирики може да биде вкусен и хранлив. Но, постојат некои случаи во кои путерот од кикирики може да биде штетен по здравјето на оние кои го консумираат, пишува Health Digest.

Поточно, путерот од кикирики може да се претвори во опасност од гушење за луѓето на кои им е дијагностицирана состојба позната како дисфагија.

Лицето со дисфагија има проблеми со голтањето. Најчесто се јавува кај возрасни и постари лица, но состојбата може да дојде од оштетување на нервите или мускулите во грлото, блокади од тумори на хранопроводникот, како и воспаление и низа други причини.

Експертите велат дека луѓето со оваа дијагноза треба да избегнуваат конзумирање путер од кикирики за да се минимизираат можните инциденти на гушење. Тие истакнуваат како лепливата природа на путерот од кикирики може лесно да се заглави во дишните патишта, а потоа да го попречи дишењето.

Ако мислите дека може да искусите знаци на дисфагија, разговарајте со вашиот лекар за професионални совети, вклучувајќи јадење помали порции, џвакање храна со побавно темпо, намалување на кофеинот и алкохолот итн.