Драматични сцени во кафич во центарот на Белград! Мажот брутално ја претепал сопругата, а потоа ја удирал по глава со стол

Маж (41) е уапсен откако ја нападнал сопругата во кафуле во центарот на Белград.

Ја влечел за коса. И’ ја удрил главата по масата на која седела а потоа ја тепал и со стол.

На се’ претходела расправија.

Мажот бил пријавен за семејно насилство. Предметот го води Првото основно јавно обвинителство.