ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД АПСЕЊЕТО НА УБИЕЦОТ ОД СИСАК: Тргни се од прозорецот, има бомба, заклучи ја вратата! ПОТЕРАТА ТРАЕЛА ЦЕЛА НОЌ (ВИДЕО)
Мажот кој ја уби жената во Сисак е донесен во службените простории на полицијата и наскоро ќе биде сослушан.
На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на кое се гледа како вооружени полицајци го совладале на сред улица и меѓусебно се предупредуваат да внимаваат на бомбите.
- Застани *** – се слуша на снимката.
- Излези! Има бомба. Тргни се од бомбата – се слуша потоа на снимките на кои се гледаат драматичните моменти од апсењето на човекот кој пукаше синоќа во ромската населба Чапрашка Пољана.
На видеото се гледаат и хрватски полицајци кои го водат бегалецот преку улица. Некој му предлага добро да го пребара. Полицијата потоа ги предупредува луѓето да се заклучат.
- Влезете внатре – им викаат полицајците на мештаните кои гледаат се низ прозорците.
Постојано се предупредуваат да се оддалечат.
- Тргнете се од балконот, има бомба – се слуша на видеото, но не е јасно кој го кажува тоа.
Да потсетиме, маж пукал од калашников синоќа околу 20:00 часот во населбата Канак во Сисак, при бегството загина една жена (45), четири лица се повредени, а уште две се повредени. Запалени се и две куќи.
- Две лица се во многу тешка состојба, се на апарати за дишење, а другите две се надвор од животна опасност – изјави началникот на полицијата во Сисак.
Напаѓачот побегнал во шумата.
Потерата траела до раните утрински часови.