ДРАМАТИЧНО! ЕВАКУИРАН АВИОН НА ШОЛЦ ВО ТЕЛ АВИВ: Сите легнале на пистата! (ВИДЕО)

Вистинската драма се случи во моментот кога авионот на германскиот канцелар Олаф Шолц требаше да го напушти Тел Авив.

Непосредно пред полетувањето од аеродромот Бен Гурион се огласија сирените. Шолц веќе се качил во владиниот авион кога дојде наредбата сите патници да излезат од авионот и да легнат на пистата.

Станува збор за детонации од израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“, кои од небо ги соборија ракетите на Хамас. Билд наведува дека биле истрелани два противавионски проектили кои јасно се слушнале на аеродромот.

Според информациите на БИЛД, безбедносните служби потоа извршиле претрес во авионот на германската влада и проверувале дали има можни опасности.

По неколку минути, на канцеларот и на неговите соработници им било дозволено да се качат во авионот, кој потоа полетал за Каиро.