Првите СИМПТОМИ НА ДИЈАБЕТЕС се препознаваат дури и во устата – Еве како ќе ги препознаете јасните сигнали на телото

Доколку реагирате на време, можно е да ја спречите болеста.

Постојат многу симптоми кои укажуваат на дијабетес како често мокрење, замор, невообичаени промени на кожата и разни габични инфекции. Сепак, експертите тврдат дека постојат и други симптоми кои укажуваат на тоа дека имате дијабетес, а тие се во вашата уста.

Дијабетесот тип 2 е се почеста болест во светот, а поврзана е со различни фактори како прекумерна тежина и недостаток на физичка активност. Затоа, не е лошо да ги проверите симптомите кои укажуваат на тоа дали боледувате од дијабетес, за навреме да започнете со лекување.

“Дијабетесот е медицинска состојба во која телото не може да го контролира нивото на шеќер во крвта. Високиот шеќер во крвта може да резултира со зголемување на шеќерот во вашата плунка, што може да ги оштети вашите заби и непца”, објасни стоматологот Аманда Шин.

Симптомите наведени од овој стоматолог се: црвени отечени непца кои повремено крварат, непца кои се оттргнуваат од забите, нишани заби, сува уста, лош здив кој останува и по миењето.

Исто така, болеста на непцата позната како гингивитис е најчестиот проблем со оралното здравје поврзан со дијабетес. Шиан наведува дека гингивитисот се развива кога плаката и каменот се собираат на забите во близина на линијата на непцата и ги иритираат и воспалуваат непцата.

Луѓето кои живеат со оваа дијагноза имаат три пати поголеми шанси да имаат проблеми со непцата и забите.