ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАУЧНИЦИТЕ – Нашата планета може да стане вистински пекол: “Прво ќе испарат океаните…“

Една нова студија даде застрашувачки поглед на иднината на нашата планета, а истата не изгледа убаво. Имено, истражувачите го симулирале ефектот на стаклена градина – драматичната ескалација на температурите на нашата планета.

Загрижувачки е тоа што Земјата наскоро би можела да стане „ненаселен пекол“, како соседната планета Венера, пишува Daily Mail.

И тоа нема да биде толку далеку во иднината, бидејќи научниците предвидуваат дека ефектот на стаклена градина на Земјата би можел да биде за неколку стотици години или уште порано.

Новата студија е направена од астрономи од Универзитетот во Женева заедно со француските лаборатории CNRS во Париз и Бордо.

Постојат неколку сценарија кои треба да ја објаснат разликата помеѓу Земјата и Венера.

Венера е позната како „злобниот близнак“ на Земјата бидејќи е исто така карпеста и приближно со иста големина, но нејзината просечна температура на површината е неверојатни 465 °C.

Благодарение на својата густа атмосфера, Венера е уште потопла и од планетата Меркур, иако орбитира поблиску до Сонцето. Таа карпеста топка не само што е негостољубива, туку и стерилна, со површина доволно жешка за да се стопи олово и токсични облаци од сулфурна киселина.

Дури и од Земјата, Венера е најсветлата на ноќното небо покрај Месечината и може да се препознае по нејзината малку жолтеникава нијанса.

Така, делува како видливо предупредување за Земјаните за тоа што може да се случи со нашата планета.

Иако е познато дека гасовите како јаглерод диоксид и метанот предизвикуваат глобално затоплување, авторите на студијата велат дека водената пареа всушност може да го поттикне ефектот на стаклена градина на Земјата. Светот веќе се загрева поради емисијата на јаглерод диоксид и метан, а тоа резултира со зголемување на водената пареа во атмосферата поради испарувањето на океаните.

Иако многумина не го знаат тоа, водената пареа е природен гас со ефект на стаклена градина.

Водената пареа спречува сончевото зрачење апсорбирано од Земјата повторно да се емитува во празнината на вселената бидејќи ја задржува топлината како ќебе.

Ефектот на стаклена градина дополнително го зголемува испарувањето на океаните, а за возврат дополнително ја зголемува количината на водена пареа во атмосферата. Ваквата катастрофална спирала забрзано ескалира.

Постои критичен праг за количината на водена пареа, над која планетата повеќе не може да се лади“, вели водечкиот автор на студијата, Гијом Шаверот и додава: „Тоа е додека океаните на крајот целосно не испарат и температурата не достигне неколку стотици степени“.

Со новите климатски модели, научниците пресметале дека многу мало зголемување на сончевото зрачење би довело до зголемување на глобалната температура на Земјата за само неколку десетици степени. Тоа би било доволно за да започне неповратен процес на Земјата и да ја направи нашата планета непријатна како Венера.

Истражувачите опишаа процес од три дела за кој велат дека е применлив на која било планета со океани, дури и оние надвор од нашиот Сончев Систем, пренесува Daily Mail.

Прво, постои фаза на испарување на океаните, што ја збогатува атмосферата со водена пареа. Второ, кога океанот целосно ќе испари, доаѓа до „сув премин“ при кој температурата на површината драстично се зголемува. И трето, еволуцијата завршува со топла и стабилна состојба во која Венера се наоѓа во последните 700 милиони години, проценуваат експертите.

Резултатите од оваа студија беа објавени во списанието Astronomy & Astrophysics.