ДРАМА ВО БЕЛАТА КУЌА – Првата дама на САД позитивна на вирусот Ковид-19: Дали и Џо Бајден ќе го пропушти Самитот на Г-20 во Индија !?

Првата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Џил Бајден, е позитивна на вирусот Ковид-19, неколку дена пред планираното патување на нејзиниот сопруг, претседател на САД, Џо Бајден, на Самитот на Г-20 во Индија, објави Белата куќа.

Откако Џил Бајден беше позитивна, претседател на САД (80 г.) беше негативен на вирусот Ковид-19 по спроведениот тест, се додава во соопштението од Белата куќа

Првата дама на САД (72 г.), чии симптоми се опишуваат како благи, претходно беше позитивна на вирусот во август минатата година, пренесува медиумската агенција Reuters

Според директорот за комуникации, Џил Бајден ќе престојува во куќата на плажата Рехобот во американската сојузна држава Делавер.

Белата куќа сè уште не одговорила на барањето за коментар за тоа дали ќе влијае на патувањето на американскиот претседател во странство, но според официјалниот распоред на Џо Бајден за неделата, објавен откако беше објавено дека Џил Бајден е позитивна на вирусот, соопштено дека в четврток ќе отпатува за Њу Делхи за да присуствува на Самитот на Г-20

Џо Бајден последен пат беше позитивен на вирусот Ковид-19 во јули 2022 година.