ДРАМА ВО ПОДГОРИЦА Поранешен дипломат насилно го нападнал амбасадорот на Палестина во Црна Гора

Полицијата во Подгорица уапси поранешен дипломат (43), за кого се сомнева дека го загрозил Раби Алнантули, амбасадорот на Палестина во Црна Гора.

Поранешниот дипломат (43) се сомничи дека на 20 ноември околу 15.30 часот насилно влегол во амбасадата на Палестина, лоцирана на улица „Вака Ѓуровиќ“ во Подгорица, сторил кривично дело загрозување лице под меѓународна заштита, а потоа вербално напаѓајќи го амбасадорот Алхантули, заканувајќи му се, додека тој одбил да ги напушти просториите на амбасадата – соопшти вчера полицијата, пренесува Либертас.

Црногорската полиција соопшти дека осомничениот е уапсен по наредба на обвинителот во Вишото државно обвинителство во Подгорица.