Драма во Русија: Облакодер исчезна во пламен за само 20 секунди, неверојатна снимка се шири на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Како што соопшти во четвртокот филијалата на Министерството за вонредни ситуации на Русија во регионот Твер, пожарот избувнал на вториот кат од зградата.

Недовршена висококатница се запали во градот Твер, административен центар на Тверската област во Руската Федерација. Новинскиот портал Тверград пишува дека читателката Олешја Максимихина им испратила фотографии и видеа од пожарот.

Како што соопшти во четвртокот огранокот на Министерството за вонредни ситуации на Русија во регионот Твер, пожарот избувнал на вториот кат од зградата.

Беше кажано и дека битуменот се запалил и дека во пожарот нема повредени.

Пожарот бил изгаснат во 13:04 часот по локално време.

Според првите информации, пожарот избувнал во објектот откако се запалила заштитната градежна мрежа на фасадата на зградата.

Твер е 180 километри северозападно од главниот град на Русија, Москва.