Повеќе од 4.000 жители на руската област Оренбуш, меѓу кои 885 деца, се евакуирани поради поплави, а во целата погодена област е прогласена вонредна состојба.
По наредба на Владимир Путин, во критичното подрачје пристигна и министерот за вонредни состојби.
Во градот Орск, каде пукна браната што го штити градот од реката Урал, утрово по наредба на претседателот на Русија Владимир Путин пристигна министерот за вонредни ситуации Александар Куренков со цел да ги организира сите потребни операции за помогне на ранливото население на лице место, пренесува РИА Новости .
Министерот веднаш отишол во поплавените подрачја на градот, а заменик-шефот на Министерството за вонредни состојби Илја Денисов го информирал дека ситуацијата по поплавите во областа Оренбург е сложена.
Локалните власти најавија влошување на состојбата со поплавите и предупредија дека нивото на водата на реката Урал е зголемено за уште 28 сантиметри
Поплавени се 1.784 парцели и 1.347 домаќинства, водостојот на реката Урал се зголемува“, се наведува во соопштението.
Градоначалникот на Орск Сергеј Салмин побара доброволно да се евакуираат жителите од поплавените подрачја, во спротивно ќе бидат евакуирани со помош на полицијата.
Оштетена брана на две места
Во петокот во Орск пукна браната што го штити градот од реката Урал, а според локалните власти, браната била оштетена на две места.
Обвинителството соопшти дека до несреќата дошло поради ненавремено преземање мерки за одржување, а истражниот комитет покренал кривична постапка за прекршување на безбедносните правила при градежни работи и невнимание.
Експертите проценуваат дека водата ќе се повлече за недела и пол до две недели.
Најтешка е ситуацијата во областа Ленински и во областа на стариот град во Орск, каде движењето е можно само со чамци – длабочината на водата достигнува два метри.