ДРАМА ВО ТЕЛ АВИВ: Двајца европски функционери однесени во скривница, се огласиле сирените за опасност! (ВИДЕО)

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, вечерва биле придружувани во прифатилиште, откако се огласиле сирените во Тел Авив, пишува „Тајмс оф Израел“.

Фон дер Лејен и Мецола денеска пристигнаа во Израел, седми ден од почетокот на нападите на палестинската милитантна група Хамас и одмаздничките напади на Израел врз Појасот Газа.

Двајцата „ќе изразат солидарност со жртвите од терористичките напади на Хамас и ќе се сретнат со израелското раководство“, се вели во соопштението на ЕК.

Претходно, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани соопшти дека пристигнал во Израел.