Во кафуле-слаткара во Истанбул вечерва имало пукање во кое има мртви и ранети.
Според турските медиуми, загинале три лица, а петмина се ранети.
Како што беше најавено, две ривалски екипи се сретнале во кафуле, за да се обидат да ја ,,закопаат секирата” и да го израмнат меѓусебниот конфликт, но дошло до расправија која прераснала во вооружен судир.
Престрелката се случила во Истанбул во областа Ускудар.
„Дискусија меѓу две групи во кафеана на улицата Ајазма околу 20 часот прерасна во вооружена пресметка. Три лица загинаа, а двајца од петмината повредени се тешко повредени“, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.