ДРАМА ВО ХРВАТСКА: Маж активирал бомба, се заканува и со друго оружје

Маж активирал една експлозивна направа во Клоштар Иваниќ, Хрватска, а наводно има друга со себе, пренесува 24сата.

Полицијата и пожарникарите се на терен и им забранија на луѓето да се приближуваат. На терен е испратен преговарач.

Полицијата ги евакуирала луѓето кои биле во непосредна близина на мажот. Наводно има повеќе оружје со себе.