ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ИСТАНБУЛ: Татко и син скокнале од височина од три метри, се обиделе насилно да влезат во авионот!

Двајцата имале план да се качат на Anadolu Jet A320 кога вратите се затворија.

Авионот денеска во 13.10 часот требаше да полета од Истанбул, од меѓународниот аеродром „Сабиха Гокчен“.

Татко и син, сакале да го запрат авионот што требало да полета, со влечно возило.

Tие скокнале од висина од околу три метри од воздушниот мост.

Околу двајцата се собрале десетина луѓе и се обиделе да ги совладаат и да ги спречат да избегаат.