ДРАМА НА ЕВРОВИЗИЈА: Ја отпеа својата песна, го заврши настапот, а гласот уште и се слушаше: „Ништо не слушнав“ ВИДЕО

Дора – националниот натпревар за песна на Евровизија оваа недела се одржува во Хрватска . Завршија и двете полуфиналиња, а утре не чека финалето кога ќе дознаеме кој е хрватскиот претставник.

Вниманието на гледачите го привлече синоќешниот полуфинален настап на Натали Балмикс, која ја изведе песната Дијаманти (патем, нашиот бенд Кени не е мртов има истоимена песна со која се натпреварува во нашето ПЗЕ). Имено, техничка грешка се случи на самиот крај од настапот, од 2:49 минути наваму кога матрицата продолжи да свири иако пејачката веќе ја заврши песната.

Тој момент го забележале многу гледачи, а Натали на прес-конференцијата изјавила дека не ја забележала техничката грешка.

“Ние сме луѓе, сите грешиме. Ништо не слушнав. Сигурна сум дека нема да се повтори во финалето. Луѓето ми велат дека тоа е веќе на сите портали, но не знаев за време на настапот што се случи“, коментира таа.

Потоа Душко продолжи: „Програмата е во живо, ние сме луѓе од крв и месо. Понекогаш грешиме“.

Натали е меѓу 16-те изведувачи кои се пласираа во финалето.

Инаку, на 21 година таа за прв пат се појави на сцената како пејачка во загрепски свадбен бенд, а март 2022 година е пресврт бидејќи се пријави за популарното шоу – IDJSHOW каде го доби Дарко Димитров. како ментор. Истата година таа ја објави песната „Ломи ме“ и го освои шестото место на натпревар на кој се собраа таленти од различни балкански земји.