ДРАМА НА ЛЕТ: Авионот итно се вратил, патниците биле евакуирани, а потоа бил откриен главниот „виновник“ и никој не можел да верува
Авионот на Копа ерлајнс кој летал за Тампа, Флорида, од Панама Сити се вратил по закана за бомба и симнати 144 патници, но се покажало дека станува збор за лажна тревога.
Официјалните лица извршиле итна проверка на авионот и откриле дека пелена за еднократна употреба за возрасни е всушност предметот што го предизвикал стравот, објави полицијата на централноамериканската земја на Твитер.
Боингот 737-800 бил изолиран од други авиони кога слетал на меѓународниот аеродром во Панама Сити во 10:59 часот по локално време по страв од бомба, соопштија воздухопловните власти на Панама.
Патниците почнаа да се качуваат откако беа прегледани за да го продолжат своето патување до Тампа, соопшти подоцна Копа ерлајнс, додавајќи дека властите отфрлиле секаков вид закана.