ДРАМА НА ЛЕТOT ЗА ТИВАТ: Авионот морал принудно да слета и да се врати на аеродромот во Талин, ова е причината
Како што пренесува порталот „simplfajing“, авионот полетал од аеродромот во Талин во Естонија, на пат кон Тиват на 1 септември. Набргу по полетувањето, пилотите побарале да се вратат во Талин поради индикација за пожар во еден од моторите.
Како резултат на индикацијата за пожар, екипажот на летот исклучи еден мотор и го запре искачувањето на 2.000 стапки. Околу 20 минути по полетувањето, Ербас А320 безбедно се врати на аеродромот во Талин, пренесува RTCG.
Поточно, се работи за авион Ербас А320-200 кој припаѓа на SmartLinks Airlines Malta, регистриран како 9H-SLE.
Според податоците на порталот Plejnspotters.net, авионот е стар над 15 години и е испорачан на компанијата SmartLinks во мај 2021 година. Претходно, авионот беше дел од флотата на Flynas, се вели во текстот. Се вели дека авионот се уште е на аеродромот во Талин.
Чартер и карго авиокомпанија SmartLinks Airlines е основана во 1992 година и нејзините авиони летаат низ Европа, САД, Азија и Африка.