ЕДИ РАМА ГИ ШОКИРАШЕ ПРИСУТНИТЕ, КАЖАЛ СТРАШЕН ВИЦ ЗА ПУТИН И ПРИГОЖИН! Сите во салата пукнаа од смеење кога слушнаа

Премиерот на Албанија раскажа виц за рускиот претседател Владимир Путин и Евгениј Пригожин.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, беше учесник на еден од панелите на Бледскиот форум, каде покрај него имаше и претставници од земјите од Западен Балкан, Србија, Црна Гора, БиХ и Северна Македонија, како и Хрватска и Бугарија.

Слоганот на овогодинешниот форум е „Солидарност за глобална безбедност“, а на панелот премиерот на Албанија кажа шега за рускиот претседател Владимир Путин и покојниот шеф на Вагнер, Евгениј Пригожин .

Тој на хумористичен начин им се обрати на соговорниците со безопасното „не знам дали сте слушнале дека Русија сака да ги обедини своите временски зони, бидејќи има девет часа разлика меѓу двата краја на земјата“, а потоа тој вели дека премиерот на Русија побарал од претседателот Путин „да го реши“ и вели:

„Имаме проблем. Моето семејство беше на одмор, им се јавив да им посакам добра ноќ, но кај нив веќе беше утро. Му се јавив на Олаф Шолц да му честитам роденден, но тој рече дека ќе биде следниот ден. Му се јавив на Си Џинпинг да му честитам Нова Година, но тој ми рече дека е уште стара година“. Во тој момент Путин одговара: „Да, тоа ми се случи и мене. Се јавив на семејството на Пригожин да му изразам сочувство, но авионот сè уште не полетал “.

По оваа шега што ја кажа премиерот на Албанија, Еди Рама, целата сала се насмеа, а вие самите проценете колку е прикладна ваква шега на форум голем како Бледскиот форум.