ДРАМА НА НЕБОТО На девојче (11) му се слошило на летот за Њујорк – авионот итно слетал во Будимпешта, но…

Идентитетот на девојчето се уште не е познат.

Единаесетгодишно девојче почина откако му се слошило на летот од Истанбул до Њујорк во неделата. Во авионот имало лекар кој и пружил прва помош, а авионот итно слетал во Будимпешта, Унгарија, каде чекала брза помош, но девојчето не можела да се спаси.

На девојчето, чиј идентитет не е објавен, и се слошило додека летот на Туркиш ерлајнс бил на пат за САД, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

– Нашиот персонал преку разглас побара помош од сите лекари во авионот, а капетанот веднаш го пренасочи авионот во Будимпешта –  соопштија од авиокомпанијата, а пренесува NBC News. 

„И покрај брзата и професионална интервенција, за жал не успеаја да ја спасат“ 

Лекар кој бил меѓу патниците и помогнал на девојчето додека екипажот се подготвувал за итно слетување на аеродромот Ференц Лист во Будимпешта. По слетувањето на авионот, екипите за итни случаи влегле во авионот за да му помогнат на девојчето, соопшти Туркиш ерлајнс.

– И покрај брзата и професионална интервенција, за жал, не успеаја да ја спасат – велат тие. 

Роднините на девојчето го напуштиле авионот во Будимпешта. Неколку часа подоцна летот продолжил на планираната рута и авионот слетал во Њујорк со задоцнување од 4 и пол часа. Се уште не е познато дали девојчето имало турско или американско државјанство.