ДРАМА НА НОРВЕШКИОТ БРЕГ: Хеликоптер исчезнал од радар, забележани неколку луѓе во Атлантскиот Океан

Неколку лица се забележани вечерва во Атлантскиот Океан, откако хеликоптер кој претходно испратил аларм исчезнал кај брегот на Норвешка, соопшти норвешката спасувачка служба.

Спасувачката операција е во тек, а не се знае колку луѓе имало во хеликоптерот, пренесува Ројтерс.

Норвешката јавна телевизија НРК јавува дека неколку возила за итна помош се на местото на инцидентот западно од градот Берген.

Директорката на Бристу Норвешка Хајди Волф Хајмарк изјави дека хеликоптерот и припаѓа на компанијата која ги превезува посадите до нафтените инсталации во Северното Море