ДРАМА НА ПАТОТ ВО ЧАЧАК: Одбил алкотест и физички нападнал полицаец

Четириесет и деветгодишен жител на српскиот град Чачак одбил алкотест и физички нападнал полицаец кој го сопрел при сообраќајна контрола, соопшти денеска полицијата.

Оттаму додаваат дека нападнатиот полицаец се здобил со полесни повреди, а човекот кој го нападнал е приведен поради попречување на службеник во извршувањето на работните задачи.

Осомничениот со пријавата ќе биде изведен пред судија, соопштија од ПС Чачак.